Порше Скопје ги отвори своите врати за гости (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на денешниот настан, посетителите имаа уникатна прилика да избираат од 26 тест возила, внимателно подготвени за да им понудат автентично искуство зад воланот. Тест возењата им дозволија одблиску да ги доживеат комфорот, технологијата, безбедноста и возните карактеристики на секој од автомобилите.

Покрај тестирањето на возилата, посетителите добија стручни совети од продажните консултанти на Порше Скопје, информации за актуелната понуда и можностите за финансирање, како и шанса да се запознаат со најновите технологии и иновации што ги нудат брендовите.

Настанот беше организиран како вистинска семејна авантура. За најмладите беше подготвено детско катче со забавни активности и анимација, додека возрасните уживаа во музичка програма, освежителни напитоци и пријатна атмосфера. Комбинацијата од автомобилското искуство и семејната забава направи Отворениот ден да биде место каде што секој посетител можеше да го помине денот на свој начин.

Прочитајте и:  Почина италијанскиот новинар Даниеле Компатанџело, познат по интервјуто со Трамп за Мелони.

Големата посетеност и рекордниот број на реализирани тест возења уште еднаш ја потврдија интересот на македонските купувачи за новите модели на Фолксваген, Шкода, Купра и Ауди, како и довербата што клиентите ја имаат во Порше Скопје.

Со организирањето на ваквите настани, Порше Скопје продолжува да ја развива својата филозофија за непосредна комуникација со клиентите, овозможувајќи им не само да ги разгледаат автомобилите, туку и лично да ги искусат нивните перформанси, технологија и удобност пред да го донесат конечниот избор за купување.