Поротничката од „ТНТ“ поднела оставка поради зaкaни, а по убедување од Џолев ја повлекла

По многуте преписки меѓу адвокатите во случајот „ТНТ“, Судскиот совет и Кривичниот суд, поротничката Лилјана Ивановска Кочковска поднела оставка до претседателот Иван Џолев. Таа кажала дека прима закани за да се откаже од постапување во предметот ТНТ. Поротничката прифатила и натаму да постапува во претдметот, откако Џолев и кажал дека судот ќе го заштити нејзиниот интегритет и углед.

-„Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник и доколку е неоходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се осгласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет. Новиот допис на адвокатот Јовица Страшевски кој денска беше доставен до медиумите само ги потврдува заканите и притисоците кои адвокатот – странка во постапката, се обидува да ги направи врз судот и судијата – поротник, кој одлучува во конкретната постапка, а за кои судот подолго време апелира и вчера побара соодветна реакција од надлежните органи. Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник и доколку е неоходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се осгласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет“, велат од Кривичниот суд.

Од Кривичниот суд повторно го прозваа адвокатот Јовица Страшевски, зачудени дека иако официјално е на одмор и неможе да се појавува на закажани судења, денеска повторно продолжувал со притисоци и прозивки.

Повеќе на А1.он

- Реклама -