Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, пред утрешниот натпревар против Вест Хем објави дека десниот бек Џереми Фримпонг е подготвен да се врати во тимот по едномесечна пауза, додека Флоријан Вирц, за жал, ќе мора да го пропушти натпреварот.
Англискиот шампион ќе ги пречека „Чеканите“ во 28-то коло од Премиер лигата, кое е најавено да се одигра на „Енфилд“ попладнево во 16 часот.
Фримпонг последен пат го имаше на теренот на 28 јануари во натпреварот против Карабаг.
„Џереми ќе биде во игра за утрешниот натпревар. Оваа недела тренираше со нас неколку дена и ќе се наоѓа на списокот на играчи. За жал, Флоријан не ќе биде дел од тимот, што е големо разочарување“, изјави Слот, додавајќи:
„Секогаш е тешко кога некој играч недостасува, и ова е ситуација што не ја очекував по минатата недела. Понекогаш работите одат во различни правци и, за жал, овој пат не на подобро.“
Тренерот на Ливерпул истакна дека се уште не е познато кога токму репрезентативецот на Германија ќе има можност повторно да настапи.
Фото/ depositphotos




