По девет години минати во тимот Мекларен, Ландо Норис конечно ја освои титулата светски шампион во Формула 1. Британецот признава дека поддршката од колегите и легендите на мотоспортот била од суштинско значење во клучните моменти.
„Во моментите кога ми беше најтешко, Кејси Стонер ми испрати порака: ‘Верувај во себе и направи го тоа’, и тоа навистина ми помогна“, рече Норис, нагласувајќи ја важноста на советите од Луис Хамилтон, Себастијан Фетел и други светски шампиони.
Сепак, смиреноста и прецизно спроведената стратегија на Мекларен во последната трка во Абу Даби му овозможија да заврши трет на патеката „Јас Марина“, што беше доволно за да го освои шампионскиот трофеј.
„Понекогаш, само два бода се доволни. Искрено, сум благодарен на сите околу мене“, додаде Норис.
Фото/ Depositphotos




