Поради градежни работи на пругата Скопје–Велес, привремено нема да сообраќа дел од патничките возови.

Привремени укинувања на возови поради работи на пругата Скопје – Велес

ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ соопштува дека, поради изведување завршни градежни активности на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково, за потребите на проектот „Градски воз“, привремено ќе нема сообраќање на дел од патничките возови во периодот од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година.

Во наведениот период не сообраќаат:
– Скопје – Гевгелија: 611 (06:20) и 631 (16:55)
– Гевгелија – Скопје: 630 (04:30) и 632 (17:02)
– Скопје – Битола: 641 (07:06) и 645 (20:05)
– Битола – Скопје: 640 (03:10) и 644 (18:22)
– Битола – Велес: 642 (12:46)
– Велес – Битола: 643 (15:25)
– Скопје – Велес: 2083 (22:40)
– Велес – Скопје: 600 (05:00)

Патниците се замолуваат навреме да ги планираат патувањата и, доколку е потребно, да побараат алтернативни врски или дополнителни информации кај железничките служби. Благодариме на разбирањето.