Американската поморска блокада врз Иран сериозно влијае на економските текови на земјата, создавајќи ризик од криза со складирањето на нафта, зголемување на цените на храната и зголемена невработеност, како што е наведено во анализата на Си-Ен-Ен. И покрај значителниот притисок, Техеран има искуство во справувањето со санкции и долготрајни економски ограничувања. Без подолготрајна блокада, последиците врз економијата може да бидат минимални.
Клучен проблем за иранската економија е извозот на нафта, кој е главен извор на девизни приходи. Ако Иран не може да извезува милиони барели нафта дневно, ќе биде принуден да го намали производството, што ќе го ослаби економскиот систем. “Ако блокадата трае месеци, тоа значително ќе влијае на економските перспективи на Иран, но во Техеран веруваат дека и САД не можат долго да го издржат овој притисок”, изјави аналитичарот Есфандијар Батмангхелидж.
Во моментов, Иран располага со ограничен капацитет за складирање нафта, вклучувајќи користење на стари танкери како пловечки складишта, што може привремено да ублажи кризата. Американската стратегија, која вклучува строга поморска контрола, има за цел да го ограничи извозот и трговијата на Иран, особено преку Ормутскиот теснец, низ кој поминува значителен дел од светската енергетска трговија. “Ништо не влегува. Ништо не излегува,” рече Пит Хегсет, опишувајќи ја блокадата како “железен обрач” околу Техеран.
Икономските последици во Иран се веќе видливи. Според официјалните податоци, изгубени се приближно еден милион работни места, а дополнителни два милиона работни позиции се погодени од кризата. Цените на основните производи, како што се пилешко месо, ориз и јајца, значително се зголемиле. И покрај тоа, иранските власти тврдат дека нема недостиг на основни производи и дека домашното производство покрива околу 85 проценти од потребите.
Претседателот Масуд Пезешкијан призна дека постојат одредени недостигнувања на гориво, но повика на рационално користење и солидарност меѓу граѓаните. Во меѓувреме, новиот врховен лидер Мојтаба Хамнеи упати апел за меѓусебна поддршка во услови на притисоци.
Анализата исто така укажува на политичката димензија на кризата, при што Доналд Трамп се соочува со домашен притисок поради растечкото незадоволство од конфликтот и претстојните избори, додека Иран се обидува да ја искористи ситуацијата и да издржи подолгорочно. И покрај тешките услови, Техеран смета дека може да го одржи економскиот систем доволно долго, надевајќи се дека политичкиот притисок ќе го натера Вашингтон да попушти и да се врати на преговарачка маса.




