Петнаесет возачи беа лишени од слобода во текот на последното деноноќие низ целата држава поради неодговорно управување со возила, информираа од Министерството за внатрешни работи. Од нив, 12 управувале возила без возачка дозвола, двајца биле со активна забрана, а еден возел под дејство на алкохол. Најмногу прекршоци се забележани во Скопје, каде четворица возачи управувале без дозвола. По двајца такви случаи имало во Куманово, а по еден во Тетово, Гостивар, Велес, Дебар и Битола. Во еден од случаите, возачот истовремено управувал без дозвола и бил под дејство на алкохол.
Дополнително, по еден возач во Скопје и Неготино управувале со возила и покрај активни забрани, додека во Струмица бил санкциониран возач кој бил под дејство на алкохол. Од МВР се посочува дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Полицијата ги повикува сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, и да не управуваат возила без возачка дозвола, со изречена забрана или под дејство на алкохол, за да се зголеми безбедноста на патиштата.


