На 3 август 2025 година, во исто време, на спортскиот стадион во Охрид, полицијата од криминалистичката единица при СВР Охрид лиши од слобода 36-годишен маж, С.Ѓ. од Белград, Србија.
Станува збор за познатиот рапер Стефан Ѓуриќ, популарно познат како Раста, кој беше приведен пред својот најавен концерт.
При прегледот, полицајците открија и одзедоа опојна дрога – марихуана. По приведувањето, тој беше задржан во полиција, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од СВР Охрид.




