Погледнете ја заборавената Битола низ објективот на Зафир Ошавков!

Изложбата, „Битола виа Дебар“ ќе се отвори на 12 декември 2024 (четврток) во 19:00 часот, во Мала сала на НУ „Завод и Музеј“ – Битола, ќе прикаже 30 ретки фотографии, снимено помеѓу 1930 и 1945 година. Фотографиите се изработени од оригинални негативи на стаклени плочи од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија и ќе бидат достапни за разгледување до 31 декември 2024 година.

Оваа изложба е резултат на големата посветеност и истражувачки труд на Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонскиот центар за фотографија. Како што нагласува Јанкулоски, без фотографиите на Зафир Ошавков, битолската и македонската фотографска меморија ќе биле значително посиромашни. Колекцијата што ја сочуваат наследниците на Ошавкови е непроценлива – таа вклучува 9.518 стаклени плочи, 449 план филмови и 446 оригинални фотографии.

Изложбата не е само можност да се погледнат фотографии од минатото, туку и да се ужива во богатството на македонското фотографско наследство, благодарение на која се добива целосен увид во развојот на фотографијата во Македонија во првата половина на 20-тиот век.

Семејството Ошавкови, потекнувајќи од Дебар, го поставило темелот за фотографијата во Македонија, а нивното занаетчиско наследство продолжува да живее преку фотографиите што ќе бидат изложени. Иако не може точно да се утврди кој од тројцата фотографирал одредена фотографија, најголем дел од сликите од 1924 година па натаму се дело на Зафир Ошавков, додека неговиот брат Фердинанд бил активно вклучен во процесот на ретуширање.

Не пропуштајте ја шансата да се потсетите на стара Битола и да ја истражите фотографската историја на нашиот народ!

- Реклама -