Подпишан Меморандум за соработка помеѓу Јавното обвинителство на Македонија и Португалија

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Генералниот обвинител на Република Португалија потпишаа Меморандум за соработка во неколку значајни области од заеднички интерес. Меморандумот беше потпишан во Лисабон од страна на Генералниот обвинител на Португалија, Амадеу Гера, додека од македонска страна потпис стави Јавниот обвинител Ненад Савески, во Скопје. Овој договор ќе овозможи подобра размена на информации и зајакнување на правните процеси помеѓу двете држави.