Подписан Договор за соработка помеѓу Јавното обвинителство и Агенцијата за национална безбедност

Денес, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески, и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, официјално потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции. Оваа иницијатива има за цел да го зголеми и унапреди заедничкото делување, што ќе придонесе за поефикасна превенција и кривичен прогон на разни видови на криминал. Со оваа соработка, се очекува значајно да се зајакне правниот систем и да се потврди ангажманот на двете институции во борбата против криминалитетот.