„Поддржувам Босна и Хрватска, а имав желба и за Србија, но не успеаја да се квалификуваат“

Понекогаш децата знаат да ни дадат најдобри лекции за тоа што значи навивањето – без конфликти, без политичка позадина, и со многу искреност.

На социјалните мрежи со неверојатна брзина кружи видео од едно симпатично момче облечено во хрватски дрес, чие искрено обраќање му ги освои симпатиите на целата област.

Кога новинарот го запраша: „За кого навиваш?“, момчето, без размислување, одговори:

„Навивам за Босна и Хрватска. Сакав и за Србите, но тие не се квалификуваа.“

Овој одговор предизвика бура од реакции, особено кај корисниците од Србија, кои со многу хумор и одобрување го поздравија малиот навивач.

„Малиот е цар – или е сериозен или нè зафркава нас Србите, но без разлика, тој е вистински цар“, коментираше еден.

Друг корисник напиша: „Ако има повеќе вакви деца, имаме надеж за оваа планета.“

Многумина заклучија дека ваквите детски реакции покажуваат дека спортот може да ги обедини луѓето. „Ние навиваме и за Босна и за Хрватска“, напиша еден, а друг додаде: „И ние навиваме за нашите соседи.“

Коментарот „Толку мал, а толку голем човек“ привлекуваше внимание, исто како и пораката: „Малиот ги обедини Балканците.“

Повеќе реакции беа пофалби за родителите на момчето. „Родителите си ја завршиле работата како што треба“, „Браво за родителите – ова е вистинско воспитување“ и „Дете со чисто срце – нека остане таков“, се дел од коментарите.

Еден коментар можеби најдобро ја резимираше целата ситуација: „Логично е да навиваш за своите кога играат, а кога не – за оние до тебе.“

Тоа е причината зошто ова видео стана вистински хит. Не поради провокација, туку поради искреноста на детето кое нè потсети дека фудбалот е игра, а спортот треба да носи радост, почит и единство.

Малиот навивач во само неколку секунди успеа да направи она што многупати им е тешко на возрасните – да насмее, да допре срца и барем за момент да го обедини Балканот.