Над 25.000 слободни места ги очекуваат идните средношколци, откако денес официјално започна првиот уписен рок за прием во прва година на средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе можат да se пријават електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, користејќи ги своите кориснички сметки од schools.mk. Потоа, потребната документација треба да ја достават во средните училишта каде што конкурираат.
Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, првото електронско пријавување во јунскиот уписен рок ќе трае од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни. Второто пријавување е предвидено за 23 јуни, додека во августовскиот уписен рок ќе има едно електронско пријавување на 20 август.
За претстојната учебна година се обезбедени повеќе од 25.000 слободни места во 109 јавни средни училишта низ земјата. Од нив, над 17.000 места се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското образование, а 570 места се предвидени во уметничките училишта. Министерството за образование и наука апелираат до учениците и нивните родители да го завршат процесот на пријавување и доставување на документацијата навремено, за да се обезбеди непречен упис без забави и непредвидени компликации.



