Почина познатиот унгарски филмски режисер Бела Тар – Вечер… 1963.

Познатиот унгарски режисер Бела Тар, една од највлијателните фигури во светот на кинематографијата, почина на 71-годишна возраст. Својата кариера ја обележа со специфичен стил и длабоки социјални теми. Тој беше особено познат по соработката со Ласло Краснахоркаи, овогодинешниот добитник на Нобеловата награда.

Тар е роден во 1955 година во Печ, а своето прво искуство со филмовите го стекна на само 16 години. Неговите способности брзо ги привлечеја вниманието на студиото на Бела Балаж, кое му помогна во финансирањето на првиот игран филм, „Семејното гнездо“, снимен во 1979 година. Критичарите го споредија овој филм со делата на Џон Касавет.

Следните негови два филма припаѓаат на првата фаза на неговата кариера, во која работеше на социјални теми и се стремеше да го прикаже секојдневниот живот на обичните луѓе, користејќи елементи на синема верите.

Телевизиската адаптација на Шекспировиот „Магбет“ означи почеток на втората фаза од неговата кариера. Во 1980-тите години, Тар ја започнува соработката со Краснахоркаи, снимено е неколку филмови базирани на неговите дела, како што се „Проклетството“, „Ѓаволското танго“ и „Веркмајстер хармонии“, кои многумина ги сметаат за некои од најдобрите во историјата на киното.

Неговите филмови се карактеризираат со филозофски теми и песимистички поглед на човештвото, а Тар често користеше неконвенционални методи на раскажувањето. Работеше и со непрофесионални актери, стремејќи се кон постигнување на автентичност и реализам.

На 11-от Сплитски филмски фестивал, Тар беше награден за неговиот значаен допринос во развојот на филмската уметност. Во 2011 година, го сними „Торинскиот коњ“, по што се пензионираше од режијата, отворајќи ново поглавје во сопствениот живот.