На 50-годишна возраст, ненадејно почина италијанскиот новинар Даниеле Компатанџело, долгогодишен дописник од Вашингтон за бројни италијански медиуми. Тој го изгуби животот во својот дом во Њујорк, а според информациите, причината за смртта беше срцев удар. Компатанџело стана познат во јавноста во јуни годинава, по телефонското интервју со Доналд Трамп, кое предизвика значително внимание поради неговите изјави.




