Со зголемувањето на бројот на туристи за време на летната сезона, хрватските власти објавија мерки за забрзување на протокот на патници на граничните премини, со цел да се избегнат долготрајни чекања. Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ, информираше дека граничната полиција ќе може привремено да ги поедностави процедурите според новиот европски систем за евиденција.




