Побрзо патување од Скопје до Охрид

Во наредните две години се очекува да заврши изградбата на новиот автопат кој ќе ги поврзува Тетово и Гостивар, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, при денешниот почеток на градежните работи на оваа делница. Според информациите што ги сподели Трајановски, компанијата „Бехтел и Енка“ почнува со активностите на првата делница од автопатот Тетово-Гостивар, со должина од 17,5 километри и вкупна вредност од 90 милиони евра. На оваа делница се планираат по две коловозни ленти во секој правец, како и дополнителна лента за застанување.

Договорот за оваа делница беше склучен во март 2023 година, а до јули 2024 година наследивме само две информативни табли на местото. Но, сега можеме да видиме значителен напредок, бидејќи работата е во тек и на делниците Прилип-Битола, Гостивар-Букајчани, а сега и на автопатот Тетово-Гостивар. Планот е оваа делница да биде готова до 2027 година. Жителите на овој регион се свесни дека ќе се соочат со предизвици поради градежните активности, но по извршувањето на проектот, патувањето ќе биде многу побрзо и поудобно за сите. Со завршување на целиот коридор од Тетово преку Гостивар, Кичево и Охрид, возењето од Скопје до Охрид ќе трае само час и половина, изјави Трајановски.

Од страна на компанијата „Бехтел и Енка“, беше потврдено дека тие почнуваат со изградба на регионалниот пат од Тетово до Гостивар за да се олесни пренасочувањето на сообраќајот додека траат градежните работи на самиот автопат. Во април 2023 година, Владата одржа свеченост за означување на почетокот на градежните работи на Коридорот 8, иако на тој настан немаше реално започнување на градбата, ниту присуство на градежна механизација. Сепак, отворањето на таблата беше претставено како почеток на проектот.