Холандската опозиција повика на одржување нови избори откако крајнодесничарската Партија за слобода (ПВВ) предводена од Герт Вилдерс се повлече од владејачката коалиција, поради несогласувања во врска со миграциската политика. Ова доведе до пад на владејачката структура, пренесува ДПА.
„Холандија заслужува влада која ќе ги спои луѓето и ќе работи на вистински решенија“, изјави Франс Тимерманс, лидер на најголемата опозициска група во парламентот. „Време е за избори, ние сме подготвени.“
Тимерманс ја оцени досегашната влада, предводена од популистот Вилдерс, како неспособна и расцепкана, особено во време кога Европа се соочува со војна и граѓаните се загрижени за својата иднина.
„Сето ова се случува кога екстремите добиваат моќ“, додаде Тимерманс.
И лидерот на Социјалистичката партија, Џими Дајк, повика на итни избори – „по можност веднаш“.




