По еден бод за Скопје и Тиквеш

Првиот натпревар од четвртото коло на Првата фудбалска лига помеѓу Скопје и Тиквеш заврши без победник, со резултат 1:1. Домашниот тим прв стигна до водство во 34. минута, кога голот го постигна Антонио Божиноски. Гостите успеаја да изедначат во 70. минута, кога Н’Фали Сила реализираше пенал. За Скопје ова е втор бод во сезоната, додека Тиквеш има акумулирано вкупно седум бодови.

Во тек е вториот натпревар од денешната програма, во кој играат Брегалница и Башкими.

Утре е закажан дуелот помеѓу Шкендија Арачиново и Арсими, со почеток во 16:30 часот.

Колото ќе заврши во понеделник со двата натпревари: Вардар против Силекс, со почеток во 17 часот, и Шкендија Тетово против Струга Трим Лум, со почеток во 19 часот.