„По две години одложувања и невистини, сега имаме одличен напредок во изградбата на новите автопати“, изјави министерот за транспорт.

Динамиката на изградба на новите автопатишта

Работата на новите автопатишта што ги реализира конзорциумот Бехтел и Енка се одвива согласно планот, освен на трасата од Требеништа до Ќафасан, каде што проектот е запрен од страна на УНЕСКО. Ова го изјави потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во вечерашното издание на емисијата „Вести Плус“ на Канал 5.

„Динамиката е во согласност со планот, но имаме едно одлагање од две години поради фактот што во тој период од претходната Влада не беше направено ништо. Кога нашата Влада дојде на власт, скоро немаше ниту една завршена експропријација. Првите активности на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола започнаа токму во нашето мандатно време, и можам да кажам дека сега по сите параметри динамиката е добра“, истакна Николоски.

Тој дополнува дека Владата моментално разгледува алтернативни решенија, со цел да се обезбеди заштита на животната средина, но истовремено да се подобри инфраструктурната поврзаност во овој регион, без да се нарушуваат препораките на УНЕСКО.