Пикот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три недели

Министерот за здравство, Азир Алиу, објави дека во моментов не постои зголемен број заболени од грип, што значи дека ситуацијата не е алармантна во однос на претходните години.

„Сеуште не сме стигнати до пикот на сезонскиот грип, па затоа не можеме да направиме соодветни споредби со минатата година. Со задоволство информирам дека оваа година првпат 77.000 граѓани веќе се вакцинираа против грип. Тоа е најдобриот начин да се создадат услови за заштита на организмот од сезонскиот грип“, истакна Алиу.

Тој додаде дека остануваат уште 3.000 вакцини против грип.

„Граѓаните не треба да се пријавуваат во системот за вакцинација, туку можат директно да одат во здравствените институции и да се вакцинираат. Ова е единствениот начин за заштита на нашите граѓани, особено на популацијата која е најосетлива – постарите лица, бремените жени и здравствените работници“, нагласи Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за кампањата за подигнување на свеста за опасностите од употребата на пиротехнички средства.