Петрушевски: Граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти

СДС и ДУИ мислеа дека со етнички провокации можат да наметнат теми во јавноста за поделби и конфликти, за да се смени фокусот од криминалите кои тие ги правеле и за кои следи одговорност. Откако видоа дека планот за дестабилизација им пропадна, функционерите на СДС почнаа да ставаат македонски знамиња на своите фејсбук профили, мислејќи дека народот има кратко паметење, и ќе заборави дека тие сменија Устав, знаме, име на држава, рече Петрушевски

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата реакција на институциите во пронаоѓање и изведување пред правдата на групата насилници кои го сквернавеа Македонското знаме. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски обвини дека не успеал планот на СДС и ДУИ за дестабилизација преку предизвикување на етнички конфликт, поради брзата реакција на институциите.

„СДС и ДУИ мислеа дека со етнички провокации можат да наметнат теми во јавноста за поделби и конфликти, за да се смени фокусот од криминалите кои тие ги правеле и за кои следи одговорност. Откако видоа дека планот за дестабилизација им пропадна, функционерите на СДС почнаа да ставаат македонски знамиња на своите фејсбук профили, мислејќи дека народот има кратко паметење, и ќе заборави дека тие сменија Устав, знаме, име на држава. И СДС и ДУИ сакаат преку создавање на етнички тензии да се спасат од одговорност за криминалот кој го правеле“,

кажа Петрушевски.

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски повика граѓаните да останат смирени при евентуални други такви провокации за конфликти и внесување на раздор меѓу народот.

„Апелираме да не потпаѓаат и да влегуваат во сценаријата за етнички немири на СДС и ДУИ да знаат дека Според член 319 од Кривичниот законик, секој што со намера ќе поттикне раздор, нетрпеливост или омраза преку сквернавење или уништување на национални или верски симболи, ќе сноси кривична одговорност. Следи кривична одговорност за сите прекршители. Потребна е смиреност и разум“,

додаде Петрушевски.

- Реклама -