Петорица фудбалери го оставија Вардар, а Гачевски е на трансфер листа.

Јасмин Мециновиќ, Николче Шаркоски, Александар Ѓурковски, Џибрил Дианеси и Михал Пинтер се фудбалерите кои заминуваат. Вардар им се заблагодари за досегашната соработка.

Клубот објави дека на трансфер листата е Филип Гачевски кој може да си оди без обештетување.

Во тек се разговори со Методија Велковски и Ненад Мишковски, нивната иднина наскоро треба да биде решена.

А ново засилување е 20-годишниот голман од Или Зибери кои во Вардар доаѓа од Тетекс, тој стави потпис на четиригодишен договор.

Прочитајте и:  Нови проверки на границите на ЕУ ги зголемуваат гужвите: Електронската дозвола за Шенген ќе биде платена и се очекува за крајот на 2026 година.