Петкоска: СДС и Филипче не ги слушаат пораките на граѓаните и создаваат теми како миграцијата.

Лидија Петкоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостинка во вечерното издание на „Топ тема“ на Телма телевизија. Темата на дискусијата беа нелегалните мигранти во нашата земја, иницирана од политичката партија СДС, која дури започна и онлајн петиција.

„Во отсуство на креативност и волја за работа, се наметнува една имагинарна тема, а тоа е нешто што всушност не постои и за што не има аргументирани докази,“ истакна Петкоска. Таа забележа дека СДС, како и актуелниот лидер на партијата, Венко Филипче, постојано не успеваат да ја разберат пораката што граѓаните јасно ја испраќаат, како на парламентарните избори минатата година, така и на локалните избори годинава. Според неа, оваа порака значи недоверба.

„Венко Филипче и СДС, за жал, никогаш не ја сфатија пораката од граѓаните и тоа им се удри од глава на два последователни изборни циклуси,“ додаде Петкоска.

Таа се осврна и на онлајн петицијата иницирана од СДС, нагласувајќи дека биле потребни 47.897 потписи, а ја поддржале само 2.103 граѓани. Според неа, овој податок е јасен сигнал за слабата поддршка и недоверба што граѓаните ја имаат кон СДС и Венко Филипче. „Ова е уште една порака од граѓаните дека не му веруваат на тврдењето дека мигранти ќе дојдат во Република Македонија,“ заврши Петкоска.