Пет совети за да не изгубиш разум од глад пред испит

Поминале точно 27 минути… и ете, криза. Гладен си.

Се наоѓаш пред класична дилема: да продолжиш со учење или да го отвориš фрижидерот, кој вообичаено е празен. Ако излезеш по храна, твојот училишен план пропаѓа. А ако останеш без храна, твојот фокус исчезнува.

Затоа, првиот совет за успешно справување со студентската сесија е: не дозволувај на гладот да ти го диктира распоредот.

Вториот совет е да го цениш времето како највреден ресурс. Кога секој час е важен, а непланираните паузи се чувствуваат, студентската картичка може да помогне храната да стигне до тебе, без разлика дали си дома, во студентски дом, библиотека или во co-working простор.

Наместо да губиш време во редици, маркет или ресторани, можеш да нарачаш храната преку Wolt и да се фокусираш на учењето.

Студентските оброци не само што го заштедуваат времето, туку и ти помагаат да го планираш буџетот попаметно. Студентите имаат располагање со 840 денари неделно за оброци, што треба да се искористи во текот на неделата. Кога роковите се ближат, секоја заштедена минута е важна.

Токму тука се вклопува и најновото видео на младот актер Антонио Ташковски, во кое открива дека Wolt нуди одлични попусти и можности за студентите да ја искористат својата картичка.

Третиот совет е: не се обидувај да научиш сè одеднаш. Испитната сесија не е спринт, туку маратон. Подобро е да имаш три продуктивни часа отколку десет часа паника и прелистување страници без вистински фокус.

Четвртиот совет е да не забораваш дека и твојот мозок има потреба од гориво. Некогаш еден добар оброк вреди повеќе од уште еден час над книга без концентрација. Редовната исхрана, доволната количина течности и кратките паузи можат да помогнат на фокусот да остане подолготраен.

И конечно, петтиот совет е: не ја сфаќај сесијата премногу сериозно.

Испитите се важни, но секоја генерација има свои легендарни студентски приказни. Некаде некој заспал над книга, некој учел цела ноќ за погрешен предмет. А, според видеото на Антонио, студентскиот попуст на Wolt може да предизвика некој да посака и туѓа картичка за оброк. Особено кога еден брат е студент, а другиот не.

Тогаш, туѓата картичка изгледа како најбрз пат до вкусен оброк.

Но, за успешна сесија, доволно е да ги искористиш расположливите придобивки, паметно да го организираш времето и да останеш фокусиран на она што е најважно.

Секоја сесија ќе ти потсети: потребно е повеќе време, помалку стрес и еден добар оброк во вистинскиот момент.

Комерцијален текст