Пет ракети денеска го зафатија подрачјето во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, вклучувајќи објект на американската амбасада, при што пет лица беа повредени. Според информациите, првата експлозија се слушнала околу 19 часот по локално време. Понатамошната анализа покажала дека една ракета погодила објект за воздушна навигација во цивилниот дел на аеродромот, додека четири ракети паднале во комплексот кој го користи американската амбасада – Baghdad Diplomatic Support Center (BDSC).
Засега не е познато кој стои зад нападот. Нападите на објекти поврзани со САД, особено во близина на аеродромот во Багдад, се често појава во Ирак. Групата „Исламски отпор во Ирак“, поврзана со иранските вооружени формации, во последните недели редовно објавува соопштенија во кои преземаат одговорност за десетици напади, особено по ескалацијата на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, но без конкретно наведување на местата. Соединетите Држави веќе изведуваа удари врз позиции на иранските шиитски милиции, за кои Вашингтон верува дека претставуваат закана за нивните интереси во регионот.



