Пет деца на возраст од 10 до 14 години се повредени во северниот дел на Австрија поради активација на неексплодирана муниција од Втората светска војна, која се случила под време на нивниот камп. Ова го соопшти полицијата денес.
Децата пристигнале од соседно село во покраината Горна Австрија, а се уште не е јасно каков е степенот на нивните повреди, пренесува Ројтерс. Несреќата се случила во населбата Санкт Освалд, во близина на Фрајштад, каде групата млади кампувала на отворено.
Портпаролот на покраинската полиција изјави дека по инцидентот е направен увид на местото, при што во близина е пронајдено уште едно експлозивно средство, исто така идентификувано како неексплодирана воена муниција. Поради оваа ситуација, на терен е повикана специјална единица за деактивирање бомби.
Истрагата ќе утврди како оваа воена муниција завршила во подрачјето каде што децата запалиле оган, велат од полицијата. Иако во Австрија повремено се откриваат остатоци од Втората светска војна, обично при градежни активности, вакви несреќи се сметаат за ретки.




