Фудбалерите на Пелистер вечерва го совладаа Работнички на домашен терен во Битола, додека АП Брера и Македонија ЃП ги поделија бодовите во Струмица, во рамките на завршните натпревари од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига.
На мечот во Струмица, АП Брера прва стигна до предност со голот на Петровиќ во 20-та минута, но до крајот на полувремето, Пецов израмни на 1-1 во 45+1 минута.
Пелистер со победа го започна второто полувреме од сезоната, забележувајќи убедлива победа над Работнички со 4-1, а тројниот стрелец Булатовиќ беше во главна улога со головите во 16-та, 34-та и 49-та минута. На крајот, Керим го постави конечниот резултат во 90+4 минута, а почесниот гол за Работнички го постигна Демири од пенал во 36-та минута.
Резултати од 17. коло на ПМФЛ:
– Шкупи – Тиквеш 0-6
– Шкендија – Струга 2-0
– Вардар – Арсими 5-1
– Силекс – Башкими 0-0
– АП Брера – Македонија ЃП 1-1
– Пелистер – Работнички 4-1
Табела: Вардар 45, Струга 41, Шкендија 39, Силекс 32, Башкими 23, Арсими 22, Тиквеш 21, АП Брера 20, Пелистер 19, Македонија ЃП 16, Работнички 7, Шкупи 1.




