Пелистер потшиша две ипол годишен договор со талентираниот голман Јовчевски

Битолски Пелистер кој има амбиција во следната сезона повторно да игра во Првата лига, потпиша две ипол годишен договор со талентираниот голман Андреј Јовчевски, кој има само 19 години и е репрезентативен потенцијал, кој наскоро би требало да влезе и во младата репрезнтација до 21 година.

Јовчевски е роден битолчанец кој ги мина младинските категории на битолчани, а сега потпиша професионален договор, како влог за иднината на битолската гордост, која изгради тим со фудбалери од градот на конзулите во трката са се врати старата слава на еден од најголемите македонски фудбалски брендови.

- Реклама -