Пелистер на самото крај се извлече од пораз против ГОГ Гудме.

Ракометарите на Пелистер постигнаа реми во Данска, во рамките на 12-то коло од Лигата на шампионите. Овој бод не донесе многу во битката за напредување во нокаут фазата, завршувајќи со резултат 28:28 против ГОГ Гудме.

Данскиот состав доминираше во текот на поголемиот дел од натпреварот, создавјќи предност од четири гола. Сепак, благодарение на одличната интервенција на голманот Митревски, Пелистер успеа да се врати во игра во второто полувреме, а во 53-та минута дури и презеде водство.

Во критичните две минути, Пелистер не ја искористи шансата за победа, откако не успеа да реализира два напада кои можеле да поведат со два гола.

На крајот, Видовмски со гол постигнат осум секунди пред финалниот свиреж, го постави конечниот резултат.

Прочитајте и:  Николовски: Оваа година спречени 12 обиди за шверц на над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема

Овој бод, и покрај се, не носи многу корист за Пелистер. На само две кола до завршокот на регуларниот дел од сезоната, клубот се наоѓа на претпоследното место со само пет бода. Во следните натпревари, македонскиот шампион ќе се соочи со тимовите на ПСЖ и Барселона.