На денешната седница на Советот на Општина Охрид, одлучувачки беше усвоен буџетот за 2026 година, кој е развоен и резултат на внимателното управување на актуелната локална власт. Вкупните приходи на Општина Охрид, согласно плановите за 2026 година, се проценуваат на 2.375.182.576 денари, објави градоначалникот Кирил Пецаков. За капитални расходи се предвидени 25.354.000 денари.
Задоволувањето на потребите за локален економски развој е исто така приоритет, со назначени средства од 9.300.000 денари, а за поттикнување на туризмот се предвидени 18.425.490 денари. За одржување на парковите и зеленилото, пак, предвидуваме 12.107.307 денари. Како и во претходните години, акцентот е на подобрување на патната инфраструктура, па ќе се реализираат реконструкции на локалниот пат од камп Љубаништа до стационажа, улица Петрино до пресек со улица Караорман во село Лескоец, патот кој ги поврзува селата Велгошти и Лескоец, како и на улицата Даме Груев од кружната раскрсница кај Ј. Сандански до пресек со булеварот Туристичка.
Исто така, ќе се реконструира дел од улица „7-ми Ноември“ и улицата Кленоец, како и дел од улицата „Петрино“. Предвидена е и реконструкција на улиците во населбата Бараки и локалниот пат за село Завој, како и многу други проекти за подобрување на инфраструктурата.
Дополнително, планиран е проект за мониторинг и управување со СКАДА системот за водоснабдителниот систем на градот Охрид и изработка на ГИС систем. Овој буџет исто така ги вклучува поддршката во образованието, стипендиите, како и поддршката за спортски и културни манифестации.
Охрид се движи напред, и ние продолжуваме со истата посветеност за градење на уште поубав град!




