Папата Лав Четиринаесетти ја осуди глобалната стратегија за нуклеарно одвраќање.

Папата Лав Четиринаесетти денеска со остри зборови ја осуди глобалната стратегија за нуклеарно одвраќање, оценувајќи ја како „илузорна безбедност“.

Нуклеарното одвраќање подразбира воена стратегија која ја користи заканата од нуклеарно оружје за да спречи агресија кон државата која поседува такво оружје.

Во своето обраќање за време на редовната неделна аудиенција, папата потсети на 80-годишнината од нападот на Хирошима. Тој нагласи дека „уништувањето“ на овој град, при што загинаа околу 78.000 луѓе веднаш по нападот во 1945 година, треба да служи како глобално предупредување против употребата на нуклеарно оружје.

Прочитајте и:  Претседателот на Бразилската федерација уловен со љубовница за време на Светското првенство