Палмер: Поддршката на САД за европската перспектива ќе ја истакнеме и кај европските партнери

За време на престојот во Скопје специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, изминативе денови имаше средби со претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а денеска и со премиерот Зоран Заев. Тој упати порака во кој ја истакна поддршката на САД за европска перспектива.

-„САД се партнер и пријател на Македонија, ние сме посветени на оваа релација со Македонија и на нејзината европска интеграција, што ги вклучува и НАТО и ЕУ. Патот на Македонија до НАТО е чист, а за патот до вашето членство во ЕУ едвај го чекаме партнерството со властите во Скопје и со тие во Унијата“, порача Палмер во изјавата што ја даде пред Владата, по средбата со премиерот Зоран Заев.

Тој истакна дека за време на неговата посета била реафирмирана желбата за европската перспектива на Македонија.

-“Тоа го разјаснивме тука во Скопје, тоа ќе го разјасниме и со нашите европски партнери“, рече Палмер.

Палмер додаде дека изразил задоволство од ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Сенатот на САД и додаде дека Вашингтон со нетрпение чека земјата да стане 30. членка на НАТО.

Повеќе на Канал 5.

- Реклама -