Пакистан делува како посредник помеѓу Иран и САД: Министерот за внатрешни работи пристигна во Техеран

Пакистанскиот министер за внатрешни работи, Мохсин Накви, стигна во Иран, каде што ќе разговара со иранските власти за продолжување на преговорите со Соединетите Американски Држави во Швајцарија. Според информациите на иранската новинска агенција „Мехр“, Накви најпрвин пристигнал во светиот град Машхад, кој се наоѓа на североистокот на земјата. Во текот на оваа посета, се очекува да се сретне со членови на иранскиот преговарачки тим, како и со претседателот на парламентот, Мохамад Багер Галибаф, и министерот за надворешни работи.