Падна Facebook: Корисниците се соочуваат со проблеми на Messenger и WhatsApp

Корисниците пријавуваат дека Facebook е недостапен во моментов, а слични проблеми се забележани и со услугата Facebook Messenger. Според првичните информации, дел од луѓето не можат да се најават на своите профили, да ги вчитуваат содржините или да испраќаат пораки преку Messenger. Потешкотии се појавуваат и кај другите сервиси на Meta. Instagram засега функционира, но некои корисници известуваат за забавена работа и повремени прекини. Исто така, има различни информации и за WhatsApp – за одредени корисници пораките не се испраќаат, додека други кажуваат дека апликацијата работи без проблеми. Во овој момент, не е јасно што ги предизвикало техничките проблеми, ниту дали станува збор за поширок глобален прекин на услугите на Meta. Компанијата сè уште не објавила официјално соопштение за причините за падот и не се знае кога сервисите целосно ќе бидат обновени.