Ова е нова ера во македонската кошарка

Потпретседателот на Македонската кошаркарска федерација, Младен Ѓуроски, οткрива дека пред нас се нови хоризонти за македонската кошарка. На прес-конференцијата одржана во спортската сала во Куманово, тој им се обрати на присутните медиуми и јавноста, истакнувајќи важноста на трпеливоста:

„Сакам да нагласам дека влегуваме во ново поглавје во македонската кошарка. Ве молам за трпеливост, бидејќи резултатите ќе дојдат во иднина“.

Ѓуроски додаде дека раководството на федерацијата целосно ја поддржува селекторот Марјан Илиевски и кошаркарите, со намерa да им обезбеди најдобри услови за работа:

„Селекторот и момците можат да сметаат на нашата поддршка. Се надевам дека имаме создадено добри услови за подготовки. За натпреварот, очекувам дека ќе биде вистински кошаркарски празник, со полна сала. Во овој момент, не го гледаме резултатскиот притисок како предизвик; тука сме сите за да го дадеме својот максимум“ – заклучи Ѓуроски.