Отворена истрага за финансирање на кампањата на Марин Ле Пен на изборите во 2022 година

Париското обвинителство неодамна отвори истрага поради сомневање за недозволено финансирање на кампањата на лидерот на десничарското Национално обединување, Марин Ле Пен, за време на претседателските избори во 2022 година, пренесува БФМТВ повикувајќи се на свои извори.

Одлуката за започнување на истрагата беше донесена по објавувањето на извештајот на Националната комисија за трошоци на кампањи и политичко финансирање (CNCCFP) во април. За време на изборите, кандидатите не смеат да го надминат законскиот лимит, а задачата на Комисијата е да ги провери трошоците на кампањата на секој кандидат за да утврди дали ги почитувал пропишаните рамки.

Ако кандидатите ги почитувале прописите, државата им надоместува дел од трошоците, но ако не ги почитувале, Комисијата може да ги преиспита нивните трошоци на кампањата, да ги намали средствата што им ги дава државата или да го предаде случајот на суд ако оцени дека е тоа неопходно, наведува БФМТВ.

Прочитајте и:  Франција најави испраќање борбени авиони „Мираж 2000“ во Украина следната година

Комисијата, постапувајќи во согласност со тоа, поднесе извештај до канцеларијата на парискиот обвинител во врска со трошоците на кампањата на Марин Ле Пен за време на изборите во 2022 година. Според БФМТВ, Ле Пен не е единствениот кандидат на тие претседателски избори кој е споменат во извештајот на Националната комисија за трошоци на кампањи и политичко финансирање, но за нејзиниот случај е отворена судска истрага.

- Реклама -