Според информациите од Град Скопје, со потпишување на договор, стан во сопственост на Градот е доделен на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“. Овај чекор овозможува создавање на сигурен простор за згрижување и помош на жртвите.
Центарот ќе обезбедува заштита, советување и поддршка, со цел да им помогне на жртвите да најдат безбедно засолниште и нова можност за почеток. Со цел за безбедност, локацијата на објектот не се открива јавности.
Оваа активност е дел од напорите на Град Скопје да создаде безбедна, солидарна и инклузивна заедница, како и да ја зајакне соработката со граѓанскиот сектор во борбата против семејното насилство.



