Фондацијата „Фросина Кулакова“ во соработка со Модниот институт „Изет Цури“ објавува отворен конкурс за доделување на стипендија за студии по моден дизајн, која е наменета за млади и креативни поединци од Република македонија со интерес за развој во областа на модата.
Стипендијата покрива целосно финансирање на образованието, како и можност за активно учество во проектите на Фондацијата, во зависност од потребите, што ќе им овозможи на избраните кандидати дополнителна практична експозиција и поддршка во нивниот професионален пат. Главната цел на програмата е да ги поттикне новите генерации модни дизајнери и да го поддржи развојот на креативниот потенцијал во нашата земја.
Право на аплицирање имаат кандидати кои имаат завршено средно образование и се државјани на Република Македонија, а покажуваат длабок интерес и талент за моден дизајн. Кандидатите треба да поднесат моден проект во форма на мини колекција, која вклучува мудборд со инспирација, колорна и текстилна карта, технички цртежи од преден и заден изглед, како и шест комплетни изгледи презентирани со модни илустрации. Сите визуелни материјали се поднесуваат во еден PDF документ, каде насловната страница мора да содржи име и презиме, назив на колекцијата, избрана сезона (есен/зима или пролет/лето) и година.
Исто така, кандидатите се обврзани да достават објаснување на концептот во должина до 30 редови, биографија (CV) и мотивациско писмо во Word формат. Сите пристигнати апликации ќе бидат разгледувани од специјализирана комисија која ќе ги оценува креативноста, оригиналноста, јасноста на концептот, визуелната коhernentnost и потенцијалот за понатамошен развој на кандидатите.
Сите материјали треба да се испратат електронски на адресата fondacijafrosinakulakova@gmail.com, со назнака „Апликација за стипендија Фросина Кулакова 2026“. Конкурсот беше објавен на 1 април 2026 година, а крајниот рок за пријавување е 10 јуни 2026 година до 23:59 часот. Процесот на евалуација ќе се одвива од 11 до 20 јуни 2026 година, додека објавувањето на добитникот е закажано за 25 јуни 2026 година.




