Откажани изведби во МНТ до 22 март заради поддршка на семејствата на хоспитализираните лица

Македонскиот народен театар ги отвори своите врати како израз на солидарност и општествена свесност, овозможувајќи престој на семејствата на хоспитализираните од пожарот во Кочани. За оние што треба да останат во Скопје блиску до своите сакани, театарот ќе обезбеди сместување во своите гримиорни и апартмани. Поради огромната трагедија во дискотеката во Кочани, сите претстави во Македонскиот народен театар се откажуваат во периодот од 17 до 22 март 2025 година, како почит и израз на сочувство кон настраданите и нивните семејства. Во овие тешки времиња, повикуваме на солидарност и разбирање. Парите од купените билети преку интернет ќе бидат вратени автоматски, додека билетите купени во билетарницата ќе можат да се вратат на истата локација, секој работен ден од 12:00 часот. Благодариме на вашето разбирање и поддршка.