Во последната година, премиерот, Владата и раководителите на институциите се соочија со многу предизвици. На сите ни е јасно во каква состојба ги затекнавме овие институции, но тоа ни беше дополнителен мотив да продолжиме со уште поголема решителност и обединетост заедно со граѓаните, за да поставиме темели на една подобра и подостоинствена држава за сите нас, истакна вечерва Марија Андоновска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на средба со граѓаните во Аеродром.
Андоновска нагласи дека во овој период ставен е крај на корупцијата, криминалот и расипничкото однесување, како и на безредството што постоело.
— И покрај нередот и неправилностите кои ги затекнавме, успеавме да поправиме многу нешта и да реализираме бројни проекти.
Јас можам да наведам дел од нив, како што се зголемувањето на пензиите за пензионерите, зголемените плати за полицијата, образованието и здравството.
Исто така, капитализацијата за матичните лекари и стоматолозите беше зголемена, а се обезбедија и 250 милиони евра за евтини кредити за стопанствениците, како и пристап до дигитални документи во преку 120 институции во државата.
Денеска сме тука, заедно со градоначалникот на Аеродром, во Мичурин, на нова средба со граѓаните. Овие средби продолжуваат во сите делови и маала на територијата на Република Македонија.
Како што споменав, целиме да бидеме поблиску до нашите сограѓани, во една партнерска атмосфера, заедно да ја водиме Македонија на вистинскиот пат, каде што ќе можат да се развиваат вистински вредности за подобра иднина.
Во однос на нашите проекти, како што нагласи и Марија, благодарение на поддршката од Владата, реализиравме голем број проекти во изминатиот период. Оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.
Како Општина, работиме заедно со граѓаните на идентификација на приоритетите кои им недостасуваат. Во партнерски однос со нив, ние се стремиме да реализираме што е можно поголем број на проекти.
Како градоначалник, се трудам да бидат секогаш достапен на граѓаните, бидејќи само така ќе успееме да изградиме стабилна соработка со секој поединец во општина Аеродром, нагласи Андоновска.