Десет четвртоодделенци од скопското основно училиште „Лазо Трповски“ — Магдалена Ќурчинска, Андреа Славковска, Ирис Граоркоска, Петрит Адеми, Нора Муфтарова, Јован Симовски, Филипе Георг Вучков, Ана Тренчовска, Лукас Трајковски и Мила Синадинова — предводени од наставничката Ирена Грегориќ и предметниот наставник Стефан Симовски, учествуваа со свои ликовни творби на 28. Меѓународен ликовен натпревар „Пријатели на мирот 2025“ во Васек, Њујорк, САД, во возрасната категорија од 8 до 10 години.
Покрај нив, на натпреварот учествуваа и 26 ученици од второ одделение на ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ — Бисера Лешоска, Ена Радевска, Јован Салтамарски, Клара Јовановиќ, Марија Меди Ќумева, Михаела Содиќ, Мила Хајредини, Мила Петревска, Никола Николов, Никола Содиќ, Симон Ѓоргиовски, Вредран Маневски, Алек Давчевски, Александра Ефнушева, Анабела Ефнушева, Ана Перковска, Бисера Ивановска, Дамјан Џулиуш Ѓеразов, Марко Марковски, Михаил Милановиќ, Надија Мишевска, Нина Малинковска, Петар Васиљковиќ, Веда Велкова и Ведран Спанџевски. Тие беа предводени од наставничките Владанка Д. Миче, Благица Топалова, Маја Јанковска Цакиќ и Катерина Јаневска Дочинска во возрасната група од 5 до 7 години.

Оваа година на меѓународниот натпревар се пријавија повеќе од 4000 деца од 100 земји.
Темата за годинашниот натпревар, кој традиционално се одржува во државата Њујорк, беше “Слобода“. ООУ „Лазо Трповски“ по петти пат учествува на овој реномиран натпревар, додека ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ годинава првпат се вклучува во него.
Целта на овој глобален проект, кој се реализира под покровителство на УНИЦЕФ и по повод Светскиот ден на детето, 20. ноември, е да се поттикне свесноста кај децата ширум светот (од 5 до 16 години) за креативно изразување. Оваа меѓународна програма има за цел да ги охрабри децата, преку креативни активности, да работат на промоција на мирот и создавање на иднина во која ќе владеат хармонија и разбирање.
Ликовните творби на учениците од ООУ „Лазо Трповски“ ќе бидат изложени на светската изложба, која се планира да се одржи следната година во САД и Канада, за време на Светското првенство во фудбал.




