Филмско музичко патување најавуваат организаторите на Оскаровската гала вечер што ќе се случи на 22 февруари во Македонскиот народен театар. Безвременските хитови номинирани и наградени со „Оскар“ ќе ги исполнат македонските пејачи: Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, заедно со Битолскиот камерен оркестар IWConnect и Полифонија. Низ филмската историја публиката ќе ја води Миланка Рашиќ.


Во манирот на најблескавата филмска ноќ, посетителите ќе пристигнуваат на црвениот тепих од 19.30 часот, а концертот ќе започне половина час подоцна. Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97. Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.


Влезници за Оскаровската Гала вечер може да се купат на билетарницата на МНТ и онлајн на www.mnt.mк.