Орбан: Заедничките кредити на Европската унија за Украина ќе ги оптоварат идните генерации

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, остро се спротивстави на предлогот на Европската Унија за заедничко задолжување со цел покривање на воените трошоци поврзани со Украина. Тој истакна дека ваквиот чекор би можел значително да ги оптовари идните генерации. “Секој кој бара заем од ЕУ на сметка на своите внуци, сега може да се приклучи на бриселскиот хор,” изјави Орбан.