Унгарскиот премиер Виктор Орбан во своето божиќно интервју за весникот „Маџар Немзет“ изрази загриженост дека 2025 година би можела да биде последната година на мир за Европа. Според него, континентот веќе 80 години живее во мир, време кое е реткост во нејзината историја, особено ако се земе во предвид дека последниот значаен конфликт завршил во 1945 година.
Орбан истакна дека моменталната ситуација е загрижувачка и предупредува на можни опасности кои би можеле да ја нарушат стабилноста на регионот.




