Општина Велес ќе дистрибуира нови 1150 пластични канти за отпад на домаќинствата во руралните области.

Општина Велес, во партнерство со Бирото за регионален развој, обезбеди 1150 канти за отпад. Овие канти ќе бидат распределени до домаќинствата во руралните области преку ЈКП „Дервен“, соопшти денес градоначалникот Марко Колев. Тој истакна дека овој проект има за цел да ја подигне свеста за важноста на чистата и здрава животна средина, особено во руралните делови на општината.