Општина Штип објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортските клубови, здруженија и институции кои дејствуваат во интерес на спортот на нејзината територија, како и за спортски манифестации што се организираат во општината. Повикот е отворен до 28 јануари. Во соопштението од Општината се наведени условите кои спортските организации треба да ги исполнат за да аплицираат.




