Целта на посетата, како што истакна Темелко, поранешен градоначалник на општината, беше донацијата на табла со шеснаесеткракото сонце — симбол на оваа македонска општина која се наоѓа во Албанија.
„Денеска имавме чест да ги разгледаме новите простории на Општина Пустец. По тој повод, со голема гордост дарувавме табла со шеснаесеткракото сонце — македонски симбол на нашето културно наследство, историја и идентитет, која ќе биде поставена на влезот на општината“, додаде тој.
Темелко нагласи дека со новите простории се отвора едно ново поглавје, но со „истите корени и вредности кои нè поврзуваат како Македонци“.
„Овој симбол нека остане како траен белег за нашето присуство, достоинство и љубов кон татковината. Заедно продолжуваме посилно, со јасна цел — зачувување на македонскиот идентитет и градење на подобра иднина за сите“, рече Симонофски.
Колефски изрази длабока благодарност за „овој значаен дар, кој искрено недостигаше на општинската зграда по нејзината санација“.
„Нашиот македонски симбол — сонцето од Кутлеш е логото на општина Пустец, основано врз основа на законските прописи во Албанија, со едногласно донесената одлука од советот на општината во 2005 година“, рече Темелко.
Според албанскиот Закон за локална самоуправа, пред влезот на институцијата и во салата на Советот на општината треба да се наоѓа логото на општината.
МИА




