Денес, во населбата 11 Октомври, Општина Кисела Вода, беше урната една дивоградба. Оваа акција се спроведе по донесувањето на решението за отстранување на објектот кој не поседува соодветна документација. Станува збор за поранешен деловен објект на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“, кој е во стечај и никогаш не бил регистриран во Агенцијата за катастар.
„Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво во рамките на законот, почитувајќи ги сите прописи. Нема да дозволиме двојни стандарди за никого и ќе се бориме против секое кршење на законите. Законите мора да важат подеднакво за сите. За време на мојот мандат, ќе се залагам за правичност и законитост“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска.
Таа додаде дека за секој објект со утврдени неправилности ќе биде издадено решение за отстранување, истакнувајќи: „Тоа е единствениот начин да воспоставиме ред и правичност и да го заштитиме јавниот интерес“.




