Вредноста на субвенцијата изнесува 50% од вкупната цена на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, вклучувајќи ја и данокот на личен доход, информираат од општината.
„Право на користење на средствата имаат жителите на Општина Ѓорче Петров кои ќе купат нов велосипед на територијата на Република Македонија во периодот од 1 јануари 2025 година до 30 јуни 2025 година, или до исцрпување на предвидените средства“, објаснуваат од општината.
Јавниот повик ќе биде отворен до 30 јуни 2025 година или до исцрпување на буџетот предвиден за оваа намена во износ од 500.000 денари.
Поднесените барања ќе се разгледуваат по принципот “прв дојден – прв услужен”, според датумот и времето на поднесување. Апликациите се приемат во архивата на Општината, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот, во затворен плик со потребната документација.
„Со оваа мерка продолжуваме да ги поттикнуваме здравите и еколошки навики на нашите сограѓани. Грижата за животната средина и охрабрувањето на физичката активност се важен дел од локалните политики“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.
Формуларите и целосната информација за јавниот повик можат да се најдат на веб-страницата на Општина Ѓорче Петров.